Економија
Кои се најдобрите слободни економски зони во светот?
10.10.2025г
fDi Intelligence ги објави резултатите од наградите за најдобри економска зона во светот за 2025 година. Изборот оваа година бил направен од 80 зони од целиот свет, што се пријавиле да учествуваат на ова рангирање. Како и во 2024 година, наградите и оваа година ги оценуваа зоните според нивните специјализации.
Првата категорија беа индустриските зони, кои се насочени кон привлекување на производствени и логистички активности.
Втората категорија — зони на знаење, ги опфаќа зоните каде што мнозинството закупци изнајмуваат или купуваат канцелариски и комерцијални простории за услуги како што се финансии, ИТ, трговија, образование, туризам, истражување и развој, како и зони што нудат и станбени капацитети.
Третата категорија — ѕвезди во подем (rising stars) — беше наменета за зони што започнале со работа по 31 декември 2022 година, без разлика на нивната специјализација. Анкетата содржеше и прашања за напредокот во намалувањето на емисиите на јаглерод, врз основа на кои беа доделени награди за одличност во одржливост.
Според ова најдобри 10 зони во светот за 2025 година се:
1 ZPE Ceará (Бразил) – основана во 2010 година во близина на пристаништето Песе̃м, беше прогласена за најдобра слободна економска зона во светот за 2025 година, како и глобална индустриска зона на годината. Жирито високо ја оцени нејзината стратегија за привлекување компании и градење доверба со локалните чинители, како и растот на заземениот простор и бројот на вработени.
2 Jebel Ali Free Zone (ОАЕ) – првата слободна зона во земјата, основана во 1985 година, повторно доби признание и се пласираше на второто место глобално. Беше вицепобедник во индустриската категорија и победник во категоријата за одржливост, благодарение на своите напори за намалување на емисиите и подобрување на транспарентноста и односите со заедницата.
3 Sohar Free Zone (Оман) – основана со кралски декрет во 2010 година, се најде на третото место. Судиите ја истакнаа нејзината стратегија за справување со новите трговски бариери и понудата на нефискални стимулации.
4 На четвртото место се пласираше Dubai Multi Commodities Centre (DMCC), активен економски двигател на емиратот од 2002 година, кој истовремено беше прогласен за глобална зона на знаење на годината, благодарение на својата стратегија, фискални стимулации и транспарентност.
5 На петтото место се најде Coyol Free Zone (Костарика), која се истакна со јакнење на довербата во екосистемот и со стратегија за привлекување компании во секторите на медицински уреди и напредно производство.
6 Следува Cayman Enterprise City (Кајмански Острови) – единствената карипска зона во глобалниот топ 10, која беше прогласена за зона на знаење на годината за Америка и вицепобедник во глобалната категорија.
7 На седмото место се најде Glo-Djigbé Industrial Zone (Бенин) – највисоко рангираната африканска зона во листата.
8 Zonamerica (Уругвај) е на осмото место
9 Ethiopia Industrial Parks Development Corporation се пласираше на деветтото место.
10 Листата на топ 10 глобални зони ја заокружува Dubai CommerCity (ОАЕ) на десеттото место.
Извор: fDi Intelligence
фото Економија и бизнис