Бизнис
Во август е одобрена изградба на 646 станови
10.10.2025
Бројот на одобренијата за градење во август 2025 година е зголемен за 1,8 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Во август 2025 година се издадени 280 одобренија за градење, што е за 1,8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 241 279 илјади денари, што е за 8,0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 179 (63,9 %) се наменети за објекти од високоградба, 31 (11,1 %) за објекти од нискоградба и
70 (25,0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 280 објекти, на 166 (59,3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 114 (40,7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 646 станови со вкупна корисна површина од 64 251 м2.
Главни поенти
Во август 2025 година:
- Најмногу одобренија за градење, 179, се издадени за високоградба
- Во Југоисточниот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 61
- За изградба се предвидени 646 станови
Фото Економија и бизнис