Финансии / Банкарство
АM Best ги потврди високите кредитни рејтинзи „A“ со стабилен среднорочен изглед
10.10.2025г
Агенцијата за кредитен рејтинг очекува успешно работење на Групација Триглав во 2025-та година, во согласност со подобренатапроекција за годишна добивка на Триглав
Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, повторно им ја потврди оценката на финансиска моќ „A“ (Excellent) и долгорочната кредитна оценка на издавач „a“ (Excellent). Сите елементи на овогодинешните оценки остануваат на исто ниво како минатата година, а оценките имаат стабилен среднорочен изглед.
Високите рејтинзи ја потврдуваат оценката на Агенцијата дека Триглав има многу силна финансиска позиција, работи успешно и соодветно управува со ризиците. Влијанието на деловниот профил на компанијата и мнозинската државна сопственост врз оценката останува неутрално. При потврдувањето на високиот рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, Агенцијата ја нагласи нејзината стратешка важност за Триглав и силната интегрираност во Групацијата.
Според AM Best, капитализацијата на Триглав е на највисоко ниво и усогласена со неговиот ризичен профил. Дополнително, се истакнува добрата финансиска флексибилност, со докажан пристап до пазарите на капитал и долг.
Во работењето, Групацијата располага со конкурентски предности, меѓу кои и водечка позиција во Словенија и Адриа регионот и добро диверзифицирано портфолио. По две предизвикувачки години, Триглав оствари добри резултати во 2024-та година. Агенцијата очекува да работи многу успешно и во 2025-та година, што е потврдено со одличните полугодишни резултати. Годишните резултати се очекува да бидат во согласност со подобрената проекција за добивка на Триглав.