Финансии / Банкарство

ВО ЕУ НА СЕКОИ ДЕВЕТ ДЕНА ИМА НОВ МИЛИЈАРДЕР!

Во Европската Унија годинава има 39 нови милијардери, а вкупното богатство на милијардерите во земјите-членки се зголеми за повеќе од 400 милијарди евра, пишува во  новиот извештај на невладината организација Оксфам.

Во ЕУ во просек на секои девет дена се раѓа нов милијардер и нивното вкупно богатство се зголемува за повеќе од две милијарди евра секој ден во првата половина од оваа година.

ЕУ има 487 милијардери, чие вкупно богатство се зголеми за 405 милијарди евра, достигнувајќи 2,3 трилиони евра на крајот на јуни.

Најбогатите 3.600 Европејци поседуваат богатство колку и најсиромашните 181 милион. Според извештајот во кој се истакнува дека даночните политики низ целиот континент им помогнале на супербогатите да го задржат и зголемат своето богатство.

„Го поврзавме тоа со даночниот систем, бидејќи ова не е случајност. Оваа нееднаквост во богатството е поврзана со политички избори, а особено со неправеден даночен систем“, изјави  вторката на извештајот, Кјара Путатуро за Политико.

Според неа, даночниот систем во ЕУ е дизајниран така што најголемиот дел се собира од обичните граѓани,  осум од секои 10 евра даночни приходи биле платени од обичните граѓани преку данок на промет и данок на доход.

Девет проценти од вкупните даночни приходи во земјите од ЕУ ги плаќаат компаниите, а само 0,4 проценти доаѓаат од даноци на богатство.

Во соопштението на Оксфам се вели дека во просек платите се оданочуваат со повисока стапка, додека инвестициите и холдинг компаниите се оданочуваат со пониски стапки, што ги прави богатите уште побогати. Во 10 земји од ЕУ немаат данок на наследство и дека само една членка, Шпанија, има данок на нето богатство.

Додека во 1990-тите владите поседуваа околу 10 проценти од вкупното богатство, сега тоа е само шест проценти, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано