Економија

Енергетските системи под притисок од брзиот раст на обновливи извори

Обновливите извори на електрична енергија продолжуваат силно да растат низ целиот свет, а се очекува глобалниот капацитет да се зголеми повеќе од двојно до 2030 година, според најновата среднорочна прогноза на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ). Меѓутоа, брзиот раст на варијабилните обновливи извори врши зголемен притисок врз енергетските системи. Намалувањето на производството и негативните влијанија врз цените веќе се случуваат на неколку пазари, што укажува на потребата од итни инвестиции во дополнителни мрежи, складирање и флексибилно производство.

Неколку земји почнуваат многу поголеми инвестиции за интегрирање на варијабилните обновливи извори на економичен и безбеден начин.

 

Во главниот годишен извештај на МАЕ за секторот, предвидува дека глобалниот капацитет за обновлива енергија ќе порасне за 4.600 гигавати (GW), приближно исто колку и капацитетот за производство на електрична енергија на Кина, Европската Унија и Јапонија заедно.

Извештајот покажува дека, поттикнат од брзиот раст на соларните фотоволтаични (PV) системи, експанзијата на обновливите извори се случува во услови на проблеми со синџирот на снабдување, предизвици во интеграцијата на мрежата, финансиски притисоци и промени во политиката.

Според прогнозата, соларните фотоволтаични системи ќе сочинуваат околу 80 проценти од глобалното зголемување на капацитетот за обновлива енергија во следните пет години, поттикнато од ниските трошоци и побрзите времиња на издавање дозволи.

Понатаму се вели дека во земјите во развој во Азија, Блискиот Исток и Африка, ценовната конкурентност и посилната политичка поддршка го поттикнуваат побрзиот раст на обновливите извори на енергија, при што многу влади воведуваат нови програми  ги зголемуваат своите цели. Индија е на пат да стане втор најголем пазар за раст на обновливи извори на енергија во светот, по Кина, и се очекува лесно да ја достигне својата амбициозна цел за 2030 година.

Кина беше убедливо најголемиот снабдувач на соларни панели, сочинувајќи 98 проценти од вкупниот пазар, пренесува Бизнис.рс.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано