Бизнис

ВО АВГУСТ НАМАЛЕН БРОЈОТ НА СТРАНСКИТЕ И НА ДОМАШНИТЕ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Бројот на туристите во август 2025 година изнесува 226 179 кои оствариле 846 221 ноќевања. Бројот на туристите во август годинава во однос на август 2024 година е намален за 2,8 отсто, кај домашните туристи има намалување за 4,0 отсто (108 483 туристи), а кај странските намалувањето е за 1,6 отсто (117 896 туристи), објави денеска Државниот завод за статистика.

Во август годинава има и намалување на бројот на ноќевањата за 7,2 отсто во однос на август 2024 година. Во август биле остварени  846.221 ноќевања.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август е 621 025 (намалување од 8,3 отсто) , а странските гости оствариле 225 176 ноќевања или за 3,9 отсто во одноа на август 2024 година.

Во месец август 2025 година 48,0 % се домашни туристи, а 52,0 % се странски туристи.

 Бројот на ноќевањата во август 2025 година изнесува 846 221, од кои 73,4 % се од домашните туристи, а 26,6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6,8 %, односно кај домашните туристи има намалување за 1,4 %, а кај странските има зголемување за 11,6 %. 

Во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4,0 %, а кај странските има зголемување за 8,1 %.

Главни поенти

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во август 2025 година:

  • 49 093 од Турција
  • 10 309 од Србија
  • 5 202 од Романија
  • 5 075 од Холандија
    Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО