Економија
Кризата во Франција влијае на напредокот на технолошкиот сектор во земјата
13.10.2025
Франција се соочува со политичкa криза повеќе од една година, а таа неизвесност сè повеќе влијае на технолошкиот сектор во земјата.Политичките турбуленции и предлогот за буџет кој веројатно нема да биде усвоен на време сериозно го оптоваруваат овој динамичен сектор, кој сè повеќе предупредува дека францускиот брод „полека тоне“.
Тоа е драматичен пресврт за индустријата која беше во пораст. Според податоците од платформата Dealroom, Париз го престигна Лондон како водечки европски стартап центар за прв пат оваа година.
Владата на претседателот Емануел Макрон интензивно промовираше иновации преку програми како што е Франција 2030, кој претставува петгодишен план од 54 милијарди евра насочен кон зголемување на индустриската конкурентност и технолошкиот развој. Овие напори се исплатија, барем кога станува збор за водечки технолошки компании во Франција, пишува Еуроњуз.
Сепак, стартапите сè повеќе стравуваат дека политичката нестабилност го загрозува тешко постигнатиот напредок во технолошкиот сектор.
„Актуелната политичка криза во Франција не е само институционална - таа е и економска, морална и стратешка“, изјавиХомерик де Сарт , директор на Craft AI.
Фото Економија и бизнис