Бизнис
Во Хрватска односот на невработени и вработени е 1:23, економијата расте 18 квартали по ред
15.10.2025
Хрватската економија расте 18 последователни квартали и се наоѓа меѓу најбрзите стапки во Европската Унија, а оваа година се очекува да расте со годишна стапка од 3,3 проценти, изјави премиерот Андреј Пленковиќ, поднесувајќи го годишниот извештај за работата на Владата до хрватскиот парламент.
Хрватскиот БДП по глава на жител достигна 77 проценти од просекот на ЕУ, а до крајот на мандатот на Владата целта е да надмине 80 проценти.
Како илустрација за она што го нарече одговорна фискална политика, тој го наведе одржувањето на дефицитот под три проценти и намалувањето на јавниот долг на 56,9 проценти од БДП.
Кога станува збор за платите, тој рече дека од 2016 година минималната бруто плата се зголемила за 134 проценти, просечната плата за 92 проценти, медијалната плата за 90 проценти и просечните пензии за 93 проценти.
Тој додава дека се создадени над 300.000 нови работни места, па така денес Хрватска има рекордни 1,78 милиони осигуреници и историски ниско ниво на невработеност од околу четири проценти. Во Хрватска има 76.000 невработени лица, а односот на невработени и вработени е 1:23, во споредба со 1:4 во 2016 година, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис