Финансии / Банкарство

Светот е на прагот на нова должничка ера, растечки трошоци за сервисирање на долговите

Глобалниот долг се искачи на историско ниво од 337,7 трилиони долари до крајот на вториот квартал од 2025 година, според податоците од Институтот за меѓународни финансии (IIF). Олеснувањето на монетарната политика, трајните буџетски дефицити и нееднаквото економско закрепнување придонесоа за раст на долговите, додека односот на долгот кон глобалниот БДП остана на исклучително високо ниво од 324%.

Глобалниот долг продолжува да руши рекорди, со загрижувачки трендови што укажуваат на ограничен фискален простор и растечка ранливост на светската економија.

Според најновиот извештај од Институтот за меѓународни финансии (IIF), вкупниот долг, кој вклучува јавен, корпоративен, финансиски долг и долгот на домаќинствата,  достигна 337,7 трилиони долари на крајот од вториот квартал од 2025 година. Ова е зголемување од над 21 трилион долари во споредба со првата половина од годината.

Оваа сума е многу пати поголема од глобалниот БДП, кој се проценува на околу 110 до 115 трилиони долари. Така, глобалниот долг сега изнесува дури 324% од светскиот економски производ. Иако е малку понизок од рекордот во периодот на  пандемијата, овој коефициент покажува колку е задолжена светската економија. 

Најголем придонес во јавниот долг имаат земјите од Г7, кои продолжуваат да бележат високи дефицити поради постпандемиската потрошувачка и расходите за енергетска транзиција.

Земјите во развој се соочуваат со рекордни долгови со над 109 трилиони долари, што е 242,4% од нивниот БДП. Кина, Индија, Бразил и Полска ги забележаа најголемите номинални скокови, главно поради инфраструктурни проекти и економски стимулации.

Само во 2024 година, земјите во развој платија 921 милијарда долари за камати и отплата на долг, што е зголемување од 10% во однос на претходната година. Дури 61 земја издвојува повеќе од 10% од јавните приходи за сервисирање на долгот, додека некои земји трошат помеѓу 6 и 8% од своите приходи од извоз само за отплати.

Приватниот долг се стабилизираше во развиените економии, но растот на корпоративното задолжување во земји, како во Бразил и Индија, ги компензира намалувањата на други места. Во САД, приватниот долг е околу 143% од БДП, додека вкупниот глобален долг достигнува 206% од БДП, пренесува Инвестирот.ме.


 Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано