Lifestyle
Во Штип отворeн Дино парк
17.10.2025
Во Штип беше отворен новиот Дино парк, кој веднаш стана омилено место за децата и љубопитните истражувачи. Сместен во Бриони, во непосредна близина на ЗОО паркот, овој тематски парк нуди уникатно доживување на праисторискиот свет.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на социјалните мрежи напиша дека магијата на праисторискиот свет, пренесена во познатата шума во Бриони, веќе е отворена за сите деца, семејства, ученици, туристи и љубопитни истражувачи, кои ќе научат нешто ново на забавен начин.
-Т-Рекс, Брахиосаурус, Стегосаурус, Птеранодонот и многу други реплики на најпознатите диносауруси, ги поздравија децата со нивната исклучителна големина и реални животински крици, вели Јорданов.
Фото Економија и бизнис