Економија
Преработувачката индустрија со најголемо учество во бруто додадената вредност
17.10.2025
Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25,9 % во бруто-додадената вредност во 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во 2024 година, 68 889 пазарноориентирани деловни субјекти) реализирале промет од
2 152 867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486 170 милиони денари.
Најголем промет од 40,2 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24,3 %.
Најголемо учество во вкупната бруто додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25,9%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21,3 %, Градежништвото со 9,6 % и Информациите и комуникациите со 9,2 %.
Главни поенти
2024 година, претходни податоци:
- 68 889 активни претпријатија
- 432 319 вработени лица
- 2 152 867 милиони денари промет
- 486 170 милиони денари бруто-додадена вредност
Фото Економија и бизнис