Економија

Голем месечен пад на индустриското производство во Германија, Еврозоната со намалено индустриското производство

Индустриското производство во Еврозоната се намали за 1,2 проценти во август во споредба со претходниот месец, објави Евростат.

Статистичката служба на ЕУ истакнува дека ова е значително полошо од растот од 0,5 проценти во јули, но малку подобро од пазарните очекувања за пад од 1,6 проценти.

Производството на капитални добра беше главниот фактор за намалувањето со пад од  2,2 проценти, откако порасна за 1,7 проценти во јули.

Покрај тоа, се намали и производството на трајни потрошувачки добра, енергија и интермедијарни добра.

Производството на нетрајни потрошувачки добра речиси стагнираше на околу 0,1 процент, во споредба со јулските 1,8 проценти.

Меѓу најголемите економии на Еврозоната, производството најмногу се намали во Германија за 5,2 проценти, наспроти растот од јулските 1,5 проценти.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано