Економија
Милиони Американци во ризик да останат без купони за храна во ноември!
18.10.2025
Околу 42 милиони Американци би можеле да останат без купони за храна во ноември поради тековното затворање на федералната влада, предупреди министерката за земјоделство Брук Ролинс.
Програмата за дополнителна помош за исхрана (СНАП), позната и како купони за храна, е дел од клучната мрежа за безбедност на храната во земјата и обезбедува просечна месечна придобивка од 188 долари по лице, пишува CNN.
Финансирањето на СНАП ќе биде исцрпено во рок од две недели, а ова не е прв пат САД да се соочи со проблеми за време на затворањето на федералната влада, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис