Економија

ПРОНАЈДЕНО НАЈГОЛЕМОТО НАОЃАЛИШТЕ НА ЛИТИУМ ВО ЕВРОПА

Германската компанија „Нептун Енерџи“ објави дека открила огромно наоѓалиште на литиум во областа Алтмарк во Саксонија-Анхалт, што би можело да донесе пресврт во германската автомобилска индустрија, бидејќи оваа суровина е основна компонента на батериите за електрични автомобили, но и за паметни телефони и таблети.

Експлоатацијата на литиум би можела да донесе милијарди евра за германската економија, бидејќи според компанијата, наоѓалиштето содржи 43 милиони тони еквивалент на литиум карбонат (LCE), објави Билд.

Ова би значело дека станува збор за едно од најголемите наоѓалишта на литиум во светот.

Оваа суровина нема да се вади на традиционален начин, туку се планира термалната вода да се пумпа од длабоко под земја до површината, а литиумот би се вадел со помош на систем за филтрирање, а потоа водата би се враќала во земјата. 

Компанијата очекува да произведува до 25.000 тони литиум годишно до 2042 година, со вредност од 6,4 милијарди евра, како и да создаде 1.500 работни места.

Сепак, сè е сè уште во рана фаза, а индустриската експлоатација не се очекува до околу 2033 година, според германскиот весник, пренесува Дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано