Економија

КОЈА Е ЈАПОНСКАТА МАРГАРЕТ ТАЧЕР, Санае Такаичи е првата жена премиер во Јапонија

Санае Такаичи стана првата жена избрана на функцијата премиер на Јапонија, јави јапонската новинска агенција Кјодо.

Поранешната министерка за внатрешни работи, која беше одговорна за економската безбедност, освои мнозинство од гласовите на пратениците, влупно 237, во Претставничкиот дом со 465 места во парламентот на земјата.

Такаичи е лидерка на владејачката Либерално-демократска партија, која вчера склучи коалициски договор со Партијата за обнова на Јапонија

Двата дома на јапонскиот парламент гласаа за избор на Санае Такаичи за премиер, а таа ќе ја преземе функцијата во време кога Јапонија се соочува со растечки економски проблеми и поделена политика.

Поранешната министерка во владата и ТВ водителка, која порано беше тапанар во хеви метал бенд, сега ќе се соочи со предизвикот да води не само партија која се обидува да ја врати довербата на гласачите по скандалот и се бори против крајната десница, туку и земја која се соочува со ниска стапка на наталитет и растечки геополитички тензии, пишува Би-Би-Си.

Таа е родена во 1961 година во префектурата Нара. Нејзиниот татко бил канцелариски работник, а нејзината мајка била полицајка. Политиката била далеку од нејзиното детство.

Некогаш страствен тапанар во хеви метал бенд, таа била позната по тоа што носела многу стапчиња бидејќи ги кршела за време на нејзиното енергично свирење. Таа беше и нуркач и љубител на автомобили, нејзината омилена Тојота Супра сега е изложена во музеј во Нара.

Пред да влезе во политиката, Такаичи кратко работеше како телевизиска презентерка.

Таа доби политичка инспирација во 1980-тите, за време на врвот на трговските тензии меѓу САД и Јапонија. Решена да го разбере американското мислење за Јапонија, таа работеше во канцеларијата на демократската конгресменка Патриша Шредер, позната по нејзините критики кон Јапонија.

„Ако Јапонија не може да се одбрани, нејзината судбина секогаш ќе биде оставена на површното мислење на Американците“, заклучи таа.

Таа се кандидираше на првите парламентарни избори во 1992 година како независен кандидат, но не успеа да победи.

Нејзината упорност се исплатеше. Освои место во парламентот една година подоцна и се приклучи на ЛДП во 1996 година. Оттогаш, таа беше избрана во парламентот 10 пати, губејќи само еднаш, и стекна репутација како една од најгласните конзервативни фигури во партијата.

Санае Такаичи излезе како победничка во трка во која доминираат мажи за лидер на владејачката партија во Јапонија и стана првата жена премиер во Јапонија, по примерот на својот идол, поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, пренесува Данас.


Фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано