Финансии / Банкарство

УРБАНИТЕ ЦЕНТРИ НА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА СО ПОМАЛИ ПРИХОДИ ВО ГРАДСКАТА КАСА!

Проблемите на германската автомобилска индустрија ги погодуваат и градовите во кои е нејзиното седиште, бидејќи се соочуваат со драстичен пад на даночните приходи.

Градови како Минхен (BMW), Штутгарт (Mercedes, Porsche), Волфсбург (Folkswagen) и Инголштат (Audi) останаа меѓу градовите со највисоки приходи во Германија во 2024 година, според најновото издание на  Фондацијата Бертелсман.

Но, тоа би можело брзо да се промени, според еден од авторите на истражувањето, Рене Гајслер од Техничкиот универзитет во Вилдау.

„Во автомобилската индустрија се слушаат  лоши вести. Сите општини каде што се наоѓаат нивните фабрики многу брзо го чувствуваат тоа во своите каси“, вели Гајслер, пишува Дојче Веле.

Во рекордната 2023 година, во касата на Штутгарт пристигнаа повеќе од 1,6 милијарди евра од данокот на добивка на претпријатија. За 2025 година, градот сега смета на речиси за половина помал приход од 850 милиони евра.

Во релативно малата општина Вајцах во близина на Штутгарт, каде што се наоѓа развојниот центар на Порше, првично сметаа на 65 милиони евра приходи од данок на добивка, но прогнозата неодамна мораше  да се намали.

За Волфсбург, практично градот на Фолксваген, поминаа златните времиња.  „Данокот на добивка на претпријатија е и останува главен извор на приход за градот, па економските падови во концернот Фолксваген и добавувачите имаат значителни последици за буџетот“, рече портпаролот на градот.

Во текот на 2024 година, приходите од тој данок веќе се намалија за 40 проценти, на 151 милион евра, а во 2025 година се очекува уште помалку. Градот воведе мерки за штедење за 2025 и 2026 година: потребно е да се заштедат најмалку пет милиони евра, главно на материјални трошоци и вработени.

Градот на Ауди,  Инголштат,  една од филијалите на Фолксваген, се соочува со слични проблеми: во Инголштат, приходите од данок на добивка на претпријатија драстично опаѓаат. Во текот на 2023 година, тие изнесуваа уште 191,5 милиони евра. За тековната година, градот првично сметаше на 70 милиони, но сега очекува само 55 милиони.

Седиштето на БМВ, Минхен, исто така трпи пад на приходите од данок на добивка на претпријатија: оваа година тие ќе бидат околу 159 милиони евра помалку од планираното, пишува Дојче веле.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО