Бизнис
Големи малопродажни синџири ставаат катанци на продавници во Србија поради ограничените маржи
21.10.2025г
Речиси сите големи малопродажни синџири планираат да затворат продавници низ Србија, поради владината одлука за ограничување на маржите, пишува Време.
Синџирот продавници Гомекс веќе затвори три продавници во Нови Пазар, една во Чачак и две во Златибор, дознава Време.
Гомекс ќе мора да продолжи со намалување на трошоците, па до ноември ќе затвори вкупно 15 продавници, од кои повеќето се во Крагуевац, Нови Пазар, Смедеревска Паланка... Катанец ќе биде ставен и на една продавница во Белград.
Слична стратегија, според неофицијални информации има и од ДИС, кој ја затвора продавницата во центарот на Белград и уште два објекта во други градски општини.
Меркатор ќе затвори десетици објекти до крајот на годината и со тоа ќе отпушти или премести голем број вработени, додека Делез планира да стави катанец на десет свои продавници, наведува Време.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис