Финансии / Банкарство

ЕВРОПА ГИ КРШИ СОПСТВЕНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ДЕФИЦИТОТ И ЈАВНИОТ ДОЛГ

Европската Унија има јасни, самонаметнати правила за ограничувањата на буџетскиот дефицит и стапките на јавно задолжување, но 17 од 27 земји-членки ги прекршиле, соопштија од Евростат.

Во 2024 година, 12 земји го пробија ограничувањето за буџетски дефицит од три отсто од  БДП. Највисок дефицит имаше Романија, со 9,3 отсто. Следат Полска и Франција, со 6,5 и 5,8 отсто.

Минатата година, само шест членки на ЕУ имаа буџетски суфицит, односно собраа повеќе пари отколку што потрошија: Луксембург, Грција, Кипар, Данска, Ирска и Португалија.

Границата на јавен долг од 60 проценти од БДП ја прекршија и 12 земји-членки. Грција има најголем долг во однос на сопствената економска моќ, со 154,2 отсто, Италија со 134,9 и Франција со 113,2 отсто.

Минатата година лимитот за јавен долг го проби и Германија, чиј јавен долг достигна 62,2 отсто од БДП.

Најниска стапка на долг во однос на БДП имаше Естонија, со 23,5 отсто, по што следуваат Бугарија и Луксембург, со 23,8 и 26,3 отсто.

Седум земји од ЕУ - Белгија, Шпанија, Франција, Италија, Унгарија, Австрија и Финска - го пробија ограничувањето и на буџетскиот дефицит и на јавниот долг, пренесува Инвеститор.ме.


 

Фото Економија и бизнис 

 

ПРЕПОРАЧАНО