Економија
Индија и САД се приближуваат кон „одложуваниот“ трговски договор?
22.10.2025г
Индија и САД се приближуваат кон долгоодложуваниот трговски договор што би ги намалил американските тарифи за индискиот увоз од 50 на 15-16 проценти, а договорот би можел постепено да го намали увозот на руска сурова нафта од страна на Индија, објави индискиот весник Минт во среда, повикувајќи се на сопствени извори.
Како дел од разговорите со Вашингтон, Индија може да дозволи поголем увоз на американско пченкарно и соино брашно што не се генетски модифицирани. Договорот би можел да вклучува и механизам за периодични прегледи на тарифите и пристап до пазарот, соопштија медиумите.
Склучувањето на билатералниот трговски договор веројатно ќе биде објавено на самитот на АСЕАН овој месец, пишува Минт.
Фото Економија и бизнис