Бизнис
Нов веб-водич за декарбонизација ќе им помогне на македонските компании да се подготват за европските јаглеродни правила
22.10.2025г
Како што ЕУ се приближува до целосна имплементација на Механизмот за приспособување на јаглеродните граници (CBAM) во јануари 2026 година, македонските компании се соочуваат со растечки предизвици во усогласувањето со европските стандарди за емисии.
Во Скопје беше претставен веб-водич за декарбонизација, развиен заеднички од Европската инвестициска банка (ЕИБ Глобално), делегацијата на ЕУ и Стопанската комора на Северна Македонија. Алатката им овозможува на фирмите да го пресметаат својот јаглероден отпечаток, да идентификуваат начини за намалување на емисиите и да пристапат до финансиски и технички ресурси.
„Со Водичот за декарбонизација им помагаме на малите и средните претпријатија полесно да преминат кон зелени практики и да ги намалат трошоците,“ изјави Антонета Манова Ставреска од Стопанската комора.
Неколку компании, меѓу кои Макстил, ЛТХ Кастингс и Витаминка, веќе инвестираат во зелени технологии и соларни решенија преку поддршката на ЕИБ Глобално, со цел да ја зголемат конкурентноста и да го намалат јаглеродниот отпечаток.
Целата колумна можете да ја прочитате на следниот ЛИНК