Општество
Избрани деветте студентски претставници во Сенатот на УКИМ
22.10.2025г
Избрани се деветтемина студентски претставници во Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, чиј мандат ќе почне на 1 ноември.
Универзитетското студентско собрание (УСС на УКИМ) соопшти дека за сенатори се избрани студентите: Адам Стојановски од Природно-математичкиот факултет; Филип Питулков и Борјан Велјановски од Економскиот факултет; Сергеј Пуриќ и Александар Бојчовски од Правниот факултет „Јустинијан Први“; Александар Димоски од ФИНКИ; Анастасија Митревска од Шумарскиот факултет; Ружица Јанкуловска од Градежниот и Александар Власов од Стоматолошкиот факултет.
Тие биле избрани вчера, на третата седница на новиот состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.
-Претставниците на студентите – членови во органите и телата на Универзитетот имаат право и должност да ги застапуваат интересите на студентите, редовно да присуствуваат на седниците и активно да учествуваат во работата на органите и телата на Универзитетот, соопшти УСС на УКИМ. хс/вј/
Фото: УСС на УКИМ