Бизнис
Повеќе сектори во Германија не можат да опстанат без странски работници, најмалку ги има во полицијата и администрацијата
23.10.2025
Германскaта економија денес тешко би функционирале без работници од имигрантско потекло, бидејќи постојат цели сектори кои зависат од нив. Според податоците на Дестатис, повеќе од една четвртина од сите вработени се со странско потекло.
Во угостителството меѓу готвачите, три од пет работници се од имигрантско потекло, а меѓу готвачите и вработените во производството на храна, 54 проценти, пренесува ДПА.
Статистичарите наведуваат дека 26 проценти од сите вработени лица во Германија имигрирале или се деца на луѓе кои имигрирале по 1950 година.
Има релативно малку вработени од имигрантско потекло во некои занимања оптоварени со недостиг на работна сила, тие сочинуваат осум проценти од работниците во службите за итни случаи, девет проценти во судството и 15 проценти во земјоделството.
Освен дефицитарните професии, луѓето од имигрантско потекло ретко се вработени во полицијата, јавната администрација, образованието и даночните служби, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис