Економија
ОД 2026 ГОДИНА ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ БИДЕ ПОТЕШКО ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПЕНЗИСКИ БОДОВИ, колкава плата е потребна за еден поен?
23.10.2025
Секој работник во Германија што сака да добие поголем износ во пензија мора да собере што е можно повеќе пензиски поени во текот на својот работен век. Од 2026 година ќе биде многу потешко да се добијат, бидејќи поените ќе станат „поскапи“.
Дури и работниците кои заработуваат повеќе од 100.000 евра бруто годишно не можат да очекуваат пропорционално повисока пензија, бидејќи системот има свои ограничувања.
Германската федерална влада објави дека почнувајќи од 2026 година ќе ги промени големините за пресметка во државниот пензиски систем.
За да може осигуреникот да добие еден целосен пензиски поен, ќе мора да има годишна бруто плата од најмалку 51.944 евра, што значи околу 4.329 евра месечно.
Во 2025 година, оваа граница беше 50.493 евра, па затоа прагот се зголемува за 1.451 евро. Доколку платите се зголемат, расте и прагот за заработка на еден бод. Но, ако платата остане иста, идниот пензионер ќе добива помалку бодови во споредба со просекот, што значи и помала пензија во иднина.
Дополнително, се зголемува и таканаречената основа за пресметка на придонеси (Beitragsbemessungsgrenze), а ова е највисокиот износ на плата по која се плаќаат пензиски придонеси. Од 2026 година, оваа граница ќе изнесува 101.400 евра годишно (околу 8.450 евра месечно), додека во 2025 година изнесувала 96.600 евра.
Износот на пензијата во Германија зависи од бројот на заработени пензиски поени и нивната моментална вредност, пренесува Дневник.
Фото Економија и бизнис