Бизнис

Вештачката интелигенција ги уништува работните места во Швајцарија, кои занимања се најпогодени?

Во Швајцарија, има намалување на бројот на огласи за работа, додека вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе влијае на канцелариските и административните занимања. Според анализата на Адеко, во вториот квартал од 2025 година, бројот на слободни работни места во Швајцарија се намалил за 0,2% во споредба со претходните три месеци и за 5,6% на годишна основа.

Индексот на швајцарскиот пазар на труд изнесувал 133 поени. Овој индекс, развиен во соработка со Универзитетот во Цирих, ги следи долгорочните трендови на вработување, каде што вредноста од 100 поени ја претставува состојбата во 2012 година. Ова укажува дека бројот на огласи за работа е сè уште за една третина повисок отколку пред една деценија, но сега е во мал пад, што укажува на забавување на пазарот на трудот.

Швајцарската економија речиси стагнираше во вториот квартал од 2025 година поради пад на извозот и зголемени американски царини. Воведувањето на скратено работно време помогна делумно да се стабилизира пазарот на трудот, изјави Марсел Келер, експерт во Адеко,.

Најновата анализа се фокусира конкретно на канцелариските и административните занимања, кои ја сочинуваат најголемата професионална група во земјата.

Овие занимања се најпогодени од развојот на вештачката интелигенција. Бројот на слободни работни места во овој сектор е намален за 17,4% од 2023 година, објавува швајцарскиот информативен портал, пренесува Телеграф.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО