Бизнис
Европа е светски лидер за привлекување на дигиталните номади, зошто Шпанија е број еден?
25.10.2025
Европските земји се убедливо доминантни и остануваат најатрактивниот избор за преселба на дигиталните номади, од анализата во 64 земји според времетраењето на визите, финансиските услови и можностите за постојан престој или државјанство.
„Европа, благодарение на својата стабилност, безбедност и богата културна понуда, “, се наведува во извештајот, на „Глобал Ситизен Солушнс“
Топ 10 земји за дигитални номади во 2025 година
1. Шпанија
2. Холандија
3. Уругвај
4. Канада
5. Чешка
6. Португалија
7. Франција
8. Обединети Арапски Емирати
9. Германија
10. Малта
Шпанија е лидер на листата благодарение на својата виза за дигитални номади, која овозможува работа од далечина за странски компании, но и делумно ангажирање во шпански компании до 20% од вкупната работа.
Придобивките вклучуваат високи брзини на интернет, одличен квалитет на живот и правна рамка што води до постојан престој, па дури и државјанство. За граѓаните на латиноамериканските земји, Филипините и Екваторска Гвинеја, периодот на натурализација е намален од десет на само две години.
Трошоците за живот во Шпанија се пониски отколку во поголемиот дел од Северна Европа, особено во помалите градови, додека безбедноста, здравствениот систем и инфраструктурата се на високо ниво.
За визата е потребна диплома од признат универзитет или најмалку три години работно искуство, доказ за приход (најмалку двојно поголем од шпанскиот минимум), здравствено осигурување и чисто криминално досие, пренесува Бизлаив.
Фото Економија и бизнис