Економија
ТРАМП Е НЕЗАДОВОЛЕН ОД РЕКЛАМА И ВОВЕДУВА ДОПОЛНИТЕЛНИ ЦАРИНИ ЗА КАНАДА
26.10.2025
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ги зголеми царините за канадските стоки како одговор на телевизиска реклама емитувана од покраината Онтарио во која се појавува поранешниот претседател Роналд Реган.
Во објава на социјалните мрежи, Трамп ја нарече рекламата „измама“ и ги критикуваше канадските власти што не ја отстраниле пред почетокот на првенството во бејзбол. Официјалните лица на Канада се извинија и најавија привремено прекинување на рекламирањето за понатамошни преговори.
Зголемените царини вклучуваат дополнителни 10% покрај постојните царини, вклучувајќи сектори како што се металургијата и автомобилската индустрија.
Објавата доаѓа само два дена откако Трамп објави дека ги прекинува трговските разговори со Канада, дополнително затегнувајќи ги односите со вториот најголем трговски партнер на САД. Рекламата што ја предизвика кризата користи исечоци од говорот на Реган, а премиерот на Онтарио, Даг Форд, објави дека ќе биде паузирана во понеделник „за да можат да продолжат трговските преговори“. Форд рече дека неговата влада „ја постигнала својата цел“ со започнување „разговор“ преку телевизиската реклама.
Соединетите Американски Држави веќе воведоа општа царина од 35% за сите канадски стоки, иако повеќето се ослободени според постојниот договор за слободна трговија. Исто така, во сила се секторски тарифи, вклучувајќи 50% за метали и 25% за автомобили.
Во соопштението на Трамп се предлага додавање на 10 процентни поени на тие даноци. Три четвртини од извозот на Канада оди во САД, а Онтарио е центар на канадската автомобилска индустрија, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис