Општество

Од утре до 15 ноември аплицирање за четири категории стипендии, МОН првпат доделува стипендии и за студенти на програми по македонски јазик

Од утре (1 ноември) до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. 

Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по  конкурсот за четири категории стипендиии. 

 Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025 година. 
 
Заинтересираните студенти кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку  платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk 

ПРЕПОРАЧАНО