Бизнис
Пекабеско АД оствари позитивен финансиски резултат за периодот Јануари-Септември 2025
02.11.2025г
Пекабеско АД за периодот Јануари-Септември 2025 оствари позитивен консолидиран финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на Успех
Вкупни приходи
Остварените вкупни консолидирани приходи од работењето во периодот ЈануариСептември 2025 година изнесуваат 4.618 милиони денари и се повисоки во споредба со остварените во истиот период за 2024 година за 5%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги и се повисоки за 5% во споредба со остварените во 2024 година.
Вкупни расходи
Остварените вкупни консолидирани расходи во периодот Јануари-Септември 2025 година изнесуваат 4.423 милиони денари и се повисоки за 5% во споредба со 2024 година.
Инвестиции
Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во периодот ЈануариСептември 2025 година изнесуваат 64 милиони. Инвестициите се главно во производствена опрема, транспортни возила и компјутерска опрема Во периодот Јануари-Септември 2025 година не се направени значителни отписи или продажба на материјалните средства
Обврски по кредити
Вкупната консолидирана задолженост на 30.09.2025 година изнесува 346 милиони денари и во споредба со крајот од минатата година бележи зголемување од 45%.
Дивиденди
Пекабеско АД за периодот Јануари-Септември 2025 нема исплатено дивиденда
Вработеност
Бројот на вработени во Пекабеско АД консолидација за периодот Јануари-Септември 2025 изнесуваше 426 вработени, повеќе за 8 од минатата година
Очекувања за престојниот период
Целокупното работење во Пекабеско ад за периодот Јануари-Септември е согласно планираните резултати. Ликвидноста на компанијата е задоволителна. Нема репрограмирање на обврските како спрема финансиските институции ниту спрема добавувачите во земјата и странство. Залихите на готов производ, стоки и репроматеријали се поставени на соодветно ниво согласно економската ситуација во земјата и странство. Компанијата ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.