Финансии / Банкарство
За кои три акции се платија нешто повеќе од 2 милиони евра? – Недела на „блок трансакции“ на Македонската берза
03.11.2025г
Неделен извештај за периодот 27.10.2025 до 31.10.2025г.
Минатата недела, во периодот од 27.10.2025 – 31.10.2025 година на Македонската берза на хартии од вредност беа реализирани десет блок трансакции, за кои беа платени нешто повеќе од 2 милиони евра. Во три од нив се истргуваа 37 700 акции Гранит, за 64 милиони денари (1,04 милиони евра). Во седум блок трансакции се истргуваа 256 акции на Макпетрол и преку нив се оствари промет од 29,7 милиони денари (482,8 илјади евра). Последниот блок транскации од 7292 акции беше направен со акциите на Авто гума АД Скопје. За нив се платија 29,56 милиони денари (480,6 илјади евра).
Во однос на редовното тргување на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 78,2 милиони денари или околу 1,27 милиони евра. Најголем промет од 42,4 милиони денари или 689,9 илјади евра (54,2 % од вкупниот промет) беше реализиран преку акциите на Комерцијална банка Скопје. Втори најтргувани акции беа акциите на Алкалоид Скопје со 21,5 милиони денари или околу 349,9 илјади евра (27,5 % од вкупниот промет). Потоа следуваа акциите на НЛБ Банка АД Скопје со 4,54 милиони денари или околу 73,8 илјади евра (5,8 % од вкупниот промет). Во топ 5 акции според прометот изминатата недела беа уште и акции на Макпетрол Скопје со 4,19 милиони денари или околу 68,2 илјади евра и акциите на Реплек Скопје со промет од 1,29 милиони денари или 21,05 илјади евра.
Најголем раст на вредноста минатата недела имале акциите на Македонски Телеком Скопје од 2,22 %, додека најголемо намалување има кај акциите на Макпетрол Скопје од -2,11 %.