Бизнис
СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ БАРМЕН ПОЛ СФИРЛЕА ВО СКОПЈЕ – УНИКАТНО ИСКУСТВО ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ВИСКИ И ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ОД HoReCa СЕКТОРОТ
03.11.2025г
Скопје ќе биде домаќин на вистински миксологиски спектакл!
На 7 ноември, во рамки на Скопје Виски Фест 2025, во хотел Мериот, светски познатиот Пол Сфирлеа, еден од водечките Diageo тренери во Источна Европа, ќе одржи ексклузивен Singleton Multisensory Masterclass – настан што ветува незаборавно искуство за сите вистински љубители на виски.
Настанот, организиран во соработка со Gemak Trade, овластениот застапник на Diageo за Македонија, ќе понуди единствено мултисензорно патување низ три различни изданија на The Singleton, комбинирани со специјално курирани гастро комбинации и музика што ја нагласува аромата и текстурата на секое виски.
7 ноември, 19:30 часот – Хотел Мериот, Скопје
Настан: Singleton Multisensory Experience
Публика: учесници на Виски Фест (макс 24 лица)
Времетраење: 1 час
За време на својот престој, Сфирлеа ќе одржи и професионален Masterclass за најдобрите бармени во Македонија, наменет за развој на HoReCa заедницата и промовирање на светски трендови во современото барменство.
Пол Сфирлеа е познат по својата креативност и иновативен пристап во миксологијата. Поранешен сопственик на легендарниот Joben Experience Bar во романскиот град Клуж, место инспирирано од научната фантастика и модерниот дизајн, тој е човек кој ја претвора барменската уметност во уметност на доживување.
Како Head Trainer на Diageo Bar Academy за Источна Европа, тој обучува и инспирира професионалци во повеќе од 15 земји, носејќи нови стандарди на гостопримство и креативност.
Со повеќе од 13 години зад барот, Сфирлеа учествувал на светски натпревари во Франција, Јапонија, Јужна Африка и Бугарија, а денес е меѓу најпочитуваните имиња во својата индустрија.
„Ова е ретка можност за македонските професионалци и љубители на виски да научат од најдобрите, да се инспирираат и да го почувствуваат вистинското значење на гостопримството. Со доведувањето на Сфирлеа во Скопје, Gemak уште еднаш ја потврдува својата заложба за развој на локалната HoReCa сцена и едукација на бармените,“ изјавуваат од компанијата.