Финансии / Банкарство
ВЕЧЕР НА ТРАДИЦИЈА, ИНСПИРАЦИЈА И ИДНИНА – Шпаркасе Банка со свечена прослава по повод 200 години постоење на својата Групација
03.11.2025г
Во духот на гордото наследство и визионерскиот поглед кон иднината, Шпаркасе Банка АД Скопје ја одбележа 200-годишнината на својата матична групација, Штаермеркише Шпаркасе, со гламурозна вечер исполнета со музика, емоции и благодарност. Настанот беше симбол на две столетија стабилност, доверба и човечност – вредности кои ја прават Шпаркасе повеќе од банка.
Свечената прослава, одржана во Националната опера и балет, ги обедини клиентите, партнерите, соработниците и пријателите на Банката во атмосфера на заедништво и гордост. Присутните уживаа во уникатен музички перформанс кој мајсторски ја спои традицијата и современото, претставувајќи ја суштината на брендот – негуваме традиција, но создаваме иднина со свеж и современ пристап.

Во своето инспиративно обраќање, претседателот на Управниот одбор, г. Санел Кустурица, ја истакна длабоката поврзаност на Банката со вредностите што ја обликувале групацијата веќе две столетија:
„Оваа 200-годишна визија успева да ги надмине границите на времето и да создаде институција што денес е симбол на сигурност, интегритет и човечност во банкарството. Наследство што нè обврзува, нè инспирира и нè мотивира постојано да го даваме најдоброто за нашата иднина. Шпаркасе Банка е тука да остане клучен партнер на македонската економија, верен соработник на компаниите и безрезервен пријател на луѓето што ја градат иднината. Ние веруваме во луѓе со големи идеи – затоа што во нив ја гледаме иднината.“
Настанот беше внимателно осмислен за да ја долови суштината на јубилејот – славење на минатото и прегрнување на иднината. Гостите имаа можност да слушнат премиерни изведби на стари македонски песни во современи аранжмани, кои на симболичен начин ја раскажаа приказната за континуитетот и иновацијата што ја одликува Шпаркасе.

Со оваа незаборавна вечер, Шпаркасе Банка АД Скопје уште еднаш ја потврди својата посветеност кон развојот на луѓето, поддршката на економијата и вложувањето во заедницата, покажувајќи дека традицијата и иднината можат да живеат во совршена хармонија.

Шпаркасе Банка е дел од Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, со 200-годишна историја изградена врз темели на доверба, одговорност и визија. На македонскиот пазар Банката е присутна речиси две децении, градејќи долгорочни партнерства, стабилни финансиски решенија и верба во луѓето како најголема инвестиција во иднината.