Општество
Осумнаесет уметници, актери, средношколци, институции и здруженија ќе го добијат највисокото признание на Штип
03.11.2025
Општина Штип годинава ќе додели 18 признанија „Осми Ноември“, кое е и највисокото признание за еден поединец, институција и здружение на граѓанин, кои во текот на годината имаат придонесено за развој и промоција на Штип. На денешната прва седница на Советот на Општина Штип, советниците едногласно ја донесува одлуката за доделување на највисокото признание за Штип на Денот на ослободувањето на градот, 8 Ноември. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип рече дека до Комисијата за доделување на Осмоноемвриското признание пристигнати се 18 пријави.
-Прва на листата е Клиничката болница за професионалниот ангажман и брзата реакција во прифаќањето на повредените од дискотеката „Пулс“ од Кочани, потоа Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ), Астибо биг бенд, Извидничкиот одред „Еквинокс“, Градски камерен хор, постхумно за Ферус Мустафов, Игор Киров, Димо Узунов, Марија Минчева Андонов, Петре Мијалков, Пане Кукушев, Раде Рогожаров, Жикица Иванов, Душица Бреслиска, Благој Џоџев, Марио Ванчовски, Даниел Христов и групата млади – Андреј Гичев, Максим Троицки и Виктор Спасов, рече Панајотов.
На оваа листа се институции, уметници, средношколци, актери и граѓански организации. Признанијата ќе им бидат доделени на свечена седница на Советот на Општина Штип на 8 ноември.
Фото Економија и бизнис