Економија

Зависноста на светот од јаглен се зголемува!

Употребата на јаглен во светот за производство на електрична енергија повторно е во пораст. Јагленот се смета за „највалкано“ фосилно гориво, но неговата потрошувачка во 2024 година достигна историски максимум.

Глобалната побарувачка за јаглен во 2024 година се зголемила за 1,5% во споредба со 2023 година, достигнувајќи 8,79 милијарди тони. Најголем раст е забележан во Азија, особено во Кина и Индија, две земји кои сочинуваат повеќе од половина од потрошувачката на јаглен во светот.

Во исто време, европските и северноамериканските земји бележат намалување на зависноста од јаглен благодарение на проширувањето на капацитетите за обновлива енергија и затворањето на старите термоцентрали. 

Кина, Индија и земјите од АСЕАН заедно учествуваа со околу 77% во глобалната побарувачка за јаглен во 2024 година. Поголемиот дел од него се користи за производство на електрична енергија, која достигна рекордни 10.766 TWh. Во секторот за челик и железо, потрошувачката на јаглен остана стабилна, додека Кина троши 30% повеќе јаглен од остатокот од светот заедно - главно за напојување на своето масовно индустриско производство, пренесува Инвеститор.ме. 

Кина: +82 милиони тони (+1,7%)

Индија: +45 милиони тони (+4%)

Индонезија и Виетнам со раст на потрошувачката

ЕУ: -40 милиони тони (-11%)

САД: -14 милиони тони (-4%)


 Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО