Бизнис
ТРИ ЧАСА БЕСПЛАТА СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА, програма за заштеда на енергија во Австралија
04.11.2025
Австралија ќе им понуди на домаќинствата, вклучително и на оние без соларни панели, најмалку три часа бесплатна сончева енергија секој ден во рамките на програмата за заштеда на енергија што треба да стане активна во 2026 година, изјави австралискиот министер за енергетика Крис Бовен.
Програмата „Соларен делител“ прво ќе биде лансирана во сојузната држава Нов Јужен Велс, Јужна Австралија и југоисточен Квинсленд, а потоа ќе се прошири и во други делови од земјата.
Граѓаните ќе можат да користат бесплатна енергија во периодите на врвно производство, главно во средината на денот.
„Домаќинствата што ќе успеат да ја прилагодат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе се приклучуваат на програмата и ја префрлаат својата потрошувачка на тие часови, толку е поголема користа за целиот систем и пониските трошоци за сите корисници на електрична енергија“, рече Бовен.
Во Австралија, околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели на своите покриви.
Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни панели, под услов да имаат паметен броило и да ја прилагодат потрошувачката на енергија на средина од денот, кога можат бесплатно да користат електрична енергија или да полнат електрични возила.
Во 2022 година, Австралија постави цел 82 проценти од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори до 2030 година, со законски задолжително намалување на емисиите на стакленички гасови за 43 проценти во однос на нивоата од 2005 година, пренесува Пословни дневник.
Фото Економија и бизнис