Економија

ВЛАДАТА НЕМА ПОСТИГНАТ НАПРЕДОК ВО КЛУЧНИТЕ ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ, се троши повеќе за плати и пензии, се наведува во извештајот на ЕК

Нема  постигнат напредок во клучните економски реформи во работењето на Владата, а плановите за фискална консолидација и за целосната имплементација на органскиот закон за буџет првично планиран за 2025 година се одложени, се наведува во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја.

Според извештајот на Европската комисија, Македонија постигна ограничен напредок во однос на економските критериуми и постоењето на функционална пазарна економија и е на добро ниво на подготовка во развивањето на функционална пазарна економија.

Реалниот раст на БДП се забрза во 2024 година, поттикнат од приватната потрошувачка и јавните инвестиции, но надворешната позиција се влоши, а инфлацијата, по значителното намалување, повторно скокна од септември 2024 година. ЕК исто така нотира дека фискалниот дефицит за 2024 година го надмина првичниот план како резултат на зголемувањето на платите и пензиите во јавниот сектор, одложувајќи ја фискалната консолидација и почитувањето на фискалните правила.

 Буџетскиот дефицит е 4,4% од БДП што е повисок од планираното, капиталните инвестиции се намалени, а тековните расходи растат. Се троши повеќе за плати и пензии, додека развојните проекти тапкаат во место. Растот на јавниот долг има „загрижувачки тренд“.

„Извршувањето на планираните капитални расходи продолжува да страда од слабо справување со јавните инвестиции. Напорите за формализација на неформалната економија се заглавени“, посочува Европската комисија во извештајот за Македонија.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано