Општество

Предадена првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретнала со професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачил првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.

- Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртановски говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет. Со него, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател. Дуртаноски посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при европската христијанска академија, со којшто раководи, информираат од Кабинетот на претседателката. 

Сиљановска-Давкова, како што стои восоопштението, изразила почит кон неговата успешна работа во Летонија, кадешто предава христијанска палеографија, како и кон ангажманот ширум Европа. Во Привилегијата, велат од Кабинетот на претседателката, таа препознава документ од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.

- Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување, посочила претседателката.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано