Бизнис

ПРЕД ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА НА „СРПСКИТЕ СЛАВИ“- ДОМАШНО СУШЕНО МЕСО И ЏИМИРИНКИ СТАНУВААТ ЛУКСУЗ

Со приближувањето на сезоната на слави и новогодишните празници, локалните месари и производители на сушени месни производи во Србија забележуваат зголемен интерес од купувачите. Полиците на пазарите и специјализираните продавници се полни со кулен, колбаси, сушено месо и сланина. Поради предновогодишниот раст на цените, многу граѓани одлучуваат да се снабдуваат на време, плашејќи се дека пред празниците цените би можеле дополнително да се зголемат.

Граѓаните можат да избираат од прешироката понуда на домашни  сувомеснати преработки преку реклами на социјалните мрежи и на веб-страниците.

Цените варираат од Белград до југот на Србија, но правењето на залихи во овој период пред зимата и празниците, е поисплатливо за потрошувачите. 

Граѓаните кои претпочитаат да ги подготвуваат своите оброци со свинска маст можат да ја купат од локалните мали по цена  од 250 динари за килограм (околу две евра), додека во продавниците чини над 300  динари. Цената на домашните џимиринки  на зелените пазари се движи од 1.600 9од 13 евра) до 2.400 динари (20 евра), објави Телеграф бизнис.

 Ценовник на сушени месни производи:

- 200 грама домашна сланина - 630 динари

- колбас од дивеч 300 грама - 1.290 динари

- домашна бела сланина - 1.700

- домашна сланина - 2.500

- домашен кулен  - 2.100

- домашни џимиринки - 1.650

- домашна сува сланина - 1.450

- колбас - 920

- чадена сланина - 1.100


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано