Економија

Костадиновски: Инфлацијата ги насочува инвеститорите кон берзите

И покрај геополитичките тензии и повисоката инфлација, глобалните берзи покажуваат стабилност, оценува Коста Костадиновски, лиценциран инвестициски советник и директор на „Капитал ассет менаџмент“, во интервју за Економија и бизнис. Според него, инфлацијата позитивно влијае на пазарот на акции, додека е неповолна за депозитите и обврзниците.
„Со оглед на релативно високата ликвидност на економиите и повисоката инфлација, сè повеќе инвеститори ги насочуваат средствата кон акции“, вели Костадиновски. Тој додава дека неизвесностите секогаш ќе постојат, но токму затоа е важна професионалната анализа и управување со ризиците.
„Добрите компании секогаш ќе остваруваат приходи, профити и дивиденди. Затоа, вложувањето во акции со професионални водичи долгорочно значи победа над инфлацијата“, порачува Костадиновски.



Целото интервју од печатеното издание прочитајте го на ЛИНКОТ

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано