Општество

Во Гевгелија ќе биде откриено спомен обележје на Илија Џаџев

Во Гевгелија утре, на одбележувањето на Денот на ослободувањето и во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“, свечено ќе биде откриено спомен обележјето на Илија Џаџев, истакнат гевгелиски музичар, автор и долгогодишен професор по географија, кој оставил длабока трага во културниот и образовниот живот на градот, соопштијата од Општината.

Во соопштението се наведува дека Џаџев со својата љубов кон музиката преку концерти и јавни настапи насекаде по светот ја афирмирал Гевгелија и ја пренесувал својата посветеност кон младите генерации преку наставата.

Автор на спомен-обележјето е скулпторот м-р Перо Кованцалиев, кој преку уметничка форма го овековечува ликот и делото на Џаџев, прикажувајќи го со неговиот препознатлив инструмент- хавајката.

-Поставувањето на ова спомен-обележје од страна на Општина Гевгелија претставува симбол на почит кон еден од највлијателните музички и педагошки дејци на Гевгелија, чиј придонес во зачувувањето на локалниот музички идентитет и во образованието останува трајна вредност за идните генерации, се наведува во соопштението.

Настанот ќе се одржи утре на платото пред Народниот театар во Гевгелија каде е поставено спомен-обележјето.


Фото: Општина Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано