Финансии / Банкарство

Станковска Арсова: Генерацијата Зет го менува начинот на инвестирање

„Новата генерација инвеститори почнува со вложувања порано од кога било“, вели Билјана Станковска Арсова, одговорно лице за клиентски односи во „Капитал ассет менаџмент“, во интервју за Економија и бизнис. Според неа, просечната возраст на која започнува генерацијата Зет со инвестирање е само 19 години, а 65% од младите користат мобилни апликации и дигитални платформи.
„Тие најчесто почнуваат со микроинвестиции, но мора да бидат внимателни со шпекулативни инструменти како криптовалути и деривативи“, предупредува Арсова. Таа нагласува дека потребно е младите инвеститори правилно да се едуцираат и да ги користат искуствата на претходните генерации.
„Нашата улога како независен инвестициски советник е токму тоа – да ги насочиме, едуцираме и да им помогнеме да изградат стабилен и одржлив пристап кон инвестирањето“, додава таа.



Целото интервју од печатеното издание прочитајте го на ЛИНКОТ

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано