Бизнис
Грција испишува ново поглавје во енергетската историја, со американска компанија ќе се бара нафта кај Крит
06.11.2025
Денеска пишуваме ново поглавје во енергетската историја на Грција, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во пораката за договорот меѓу „ExxonMobil“, „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“, за учеството на американската компанија во концесијата на Блок 2 за истражување јаглеводороди во Јонското Море, јави дописничка на МИА од Атина.
Мицотакис посочи дека „американскиот енергетски гигант „ExxonMobil“ ја проширува својата активност“ во Грција, со оглед на тоа што веќе учествува во истражувања во два блока јужно и југозападно од Крит.
- Не е само уште една инвестиција. Ова е првото истражувачко дупчење во нашата татковина во последните речиси 40 години. Историски момент. Чин на одговорност и перспектива. Ја спроведуваме во пракса нашата посветеност: со план и визија го искористуваме нашето национално богатство. За Грција енергетски безбедна, геополитички силна и привлечна за инвестиции, порача Мицотакис.
Како што претходно објави МИА, на маргините на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) што се одржува во Атина, американската компанија „ExxonMobil“, потпиша договор со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ кои веќе ја имаат концесијата за Блокот 2 во северозападниот дел на Јонското Море, во близина на Екслузивната Економска Зона на Италија.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис