Бизнис

ЕК со регулатива за достапност на електрични возила за цена од 15.000 евра

Европската комисија во декември ќе објави нова регулатива  за достапност на мали електрични возила, со цел да им се олесни на производителите да произведуваат и продаваат електрични возила со цена помеѓу 15.000 и 20.000 евра. Европскиот комесар за индустрија, Стефан Сежурн, го потврди ова за време на Деновите на автомобилската индустрија во Париз.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, веројатно ќе објави во декември одвојување на лесните комерцијални возила од патничките автомобили во постигнувањето на целите за емисија на CO2 за 2030 и 2035 година.

Комисијата работи на дефиниција за тоа што претставува европски автомобил со долгорочно влијание врз производителите и добавувачите во автомобилската индустрија. Важно е да се биде поофанзивен бидејќи ако ништо не се преземе, производството на автомобили ќе продолжи да опаѓа, а особено уделот на европските добавувачи многу брзо ќе се намали за 70 до 50%.

Mожно e малите автомобили да бидат ослободени од одредена безбедносна опрема со цел да бидат поевтини, односно да се зголеми производството на возила во Европа и да се натпреваруваат со кинеските автомобили. Цела низа мали електрични возила доаѓаат на европскиот пазар, како што се Renault Twingo или новото мало електрично возило на Volkswagen, и останува да се види што би можела да значи таквата одлука за цената на овие автомобили, пренесува Пословни дневник.


 

Фото Економија и бизнис 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано