Економија
КАКОВ РАСТ НА БДП ПОСТИГНАЛЕ БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ПО ВЛЕЗОТ ВО ЕУ?
06.11.2025
Во периодот од 2004 до 2024 година, просечниот БДП по глава на жител во Европската Унија пораснал за 88%, а во 13-те нови земји-членки пораснал значително побрзо.
Рекордери во тој раст биле Романија со 558% и Бугарија со 500%. Во Романија, БДП по глава на жител се зголемил од 2.820 на 18.560 евра, а во Бугарија од 2.710 на 16.260 евра, пишува Капитал.ба.
Балтичките земји постигнале висок раст: Литванија забележала раст од 405%, Латвија 336% и Естонија 305%.
Мерено според стандардот на куповна моќ (PPS), кој покажува колку стоки и услуги може да се купат за иста сума во секоја земја, новите членки на ЕУ направиле огромен скок напред.
Во 2004 година, Романија и Бугарија имале најниски индекси - само 35 поени (65% под просекот на ЕУ). Две децении подоцна, Романија речиси го дуплираше својот резултат на 78, а Бугарија на 66.
Сличен напредок е забележан во Литванија (од 50 на 88), Латвија (од 45 на 71), Полска (од 52 на 79) и Естонија (од 56 на 79).
Во земји како Словенија и Чешка, растот беше поумерен, но стабилен: од 87 на 91, односно од 81 на 91 индексни поени, пренесува Бизнис и финансии.
Фото Економија и бизнис