Финансии / Банкарство

ВАЛКАНИТЕ ПАРИ СЕ ВЛОЖУВААТ И ВО ТУРИЗМОТ, во Албанија е запленет имот вреден над 300 милиони евра стекнат преку перење пари

Шефот на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, изјави дека „вредноста на средствата создадени преку перење пари, кои се конфискувани и запленети, изнесува над 300 милиони евра“.

- Во врска со перењето пари, Специјалното обвинителство го зголеми бројот на кривични постапки, на обвинети, на судени, ја зголеми вредноста на конфискуваниот и запленетиот имот. Од 2020 до 2024 година, вредноста на конфискуваниот и запленетиот имот беше 230 милиони евра, денеска надминува над 300 милиони евра, изјавил Думани за албанската државна телевизија, објави АТА.

Тој нагласи дека во истрагите јасно е ставено до знаење дека „откривме дека валкани пари се инвестирани во туризмот“.

Во однос на одлуката на Уставниот суд за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, дека може да се врати на должност, иако е во затворски притвор, Думани рече дека таа воопшто не влијае на истрагите на СПАК.

- Уставниот суд имаше друга цел а тоа е преиспитување на одлуката на Владата, по предлог на Советот на општина Тирана за разрешување на Велиај и декретот на претседателот за определување датум за предвремени избори. Таа нема никаква врска со случајот што го водиме и нема никакво влијание врз нашите истраги, па дури ни врз безбедноста мерка затворски притвор, изречена за него, одговори тој.

Думани посочи дека не сака да навлегува во детали, нагласувајќи дека судот е тој што одлучува дали критериуми што се утврдени со Законот за кривична постапка за определување на мерката продолжуваат да важат. 


Извор МИА

Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано