Финансии / Банкарство
ВО ОКТОМВРИ СО ИНФЛАЦИЈА ОД 4,5 ОТСТО, ЦЕНИТЕ НА МАЛО СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ЗА 2,8 ОТСТО
07.11.2025
Индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,8 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува - 0,2 %, објави Државниот завод за статистика.
Намалувањето на инфлацијата во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 6,1 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 %, Образование и Рекреација и култура за 0,1 %.
Во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Облека и обувки за 1.2 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0.2 % и Здравје за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Разновидни стоки и услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во октомври 2025 година, во однос на септември 2025 година, изнесува 98.7.
Фото Економија и бизнис