Економија

Франција го поздравува потпишување на договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија

Франција го поздравува денешното потпишување на договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, кој се однесува на изградбата на прекуграничен железнички тунел. Оваа стратешка инфраструктура е дел од проектот за развој на трансевропскиот Коридор 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море.

Овој потпис сведочи за посветеноста на Бугарија и Северна Македонија во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот.

Исто така, овој договор сведочи и за способноста на нашите два сојузника да го пронајдат патот на доверлив и плоден дијалог, што Франција целосно го поддржува, особено во перспектива на пристапувањето на Северна Македонија и на Западен Балкан во Европската Унија, се вели во изјавата на француското министерство за Европа и надворешни работи што ја даде вчера портпаролот на министерството, г. Паскал Конфавре. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано