Финансии / Банкарство
Германските банки се сè поранливи, лошите кредити растат трета година, предупредува Бундесбанка
09.11.2025
Во најновиот извештај за финансиската стабилност, германската Бундесбанка предупредува на зголемување на ризиците во банкарскиот сектор, пад на профитабилноста поради американските царини и зголемување на јавниот долг во Европа, што би можело да го дестабилизира пазарот на државни обврзници.
Во својот најнов извештај за финансиската стабилност, германската Бундесбанк предупредува на сè поизразени ризици во кредитните активности на домашните банки. Обемот на лоши кредити во Германија расте трета година по ред, што укажува на слабости во банкарскиот систем и зголемена изложеност во случај на економска нестабилност.
Покрај тоа, Бундесбанка истакнува дека банките работат со помала профитабилност поради американските царини што го попречуваат германскиот извоз и ги стеснуваат приходите на компаниите. Особено, предупредува дека големите германски банки под надзор на Европската централна банка (ЕЦБ) „не се толку стабилни како што изгледаат“, што би можело да претставува сериозен проблем во случај на нова финансиска криза или надворешен шок.
Централната банка предупреди и за растечкиот јавен долг на европските земји, што во случај на нарушувања на пазарот би можело негативно да влијае врз германските комерцијални банки, првенствено преку девалвација на државните обврзници во нивните портфолија, пренесува Инвеститор.ме.
Фото Економија и бизнис