Бизнис

КАКВИ ПЛАТИ СЕ НУДАТ НА ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА, ДАНСКА...

Сите оние кои размислуваат да се преселат од Хрватска или од земјите во регионот,  треба да направат подобар преглед за тоа каде се највисоките плати за одредено занимање. Низ социјалните медиуми во регионот се пренесува „истражувањето“ на еден Хрват, врз основа на огласите за вработување и висината на платите во Германија, Швајцарија, Данска, Холандија и Ирска.

На огласите за работа медицинска сестра/техничар во Швајцарија, се наведува дека платата  изнесува од 5.500 до 7.000 евра. Во друг оглас за истата работа се нуди  плата од 6.500 до 8.500 евра.

За работата физиотерапевт се нудеше плата од 5.000 до 7.000 евра.

Платата на работник за достава на пакети во во Германија е помеѓу 2.100 и 2.300 евра, додека работник во магацин во Иберлинген заработува 2.100 евра за 40 часа неделно во две смени, а се нуди и бесплатно сместување во двокреветна соба.

Во еден од огласите се наведува дека Германија итно бара автомеханичари. Познавањето на јазикот не е услов, а платата е 3.000 евра. Работното место е во градот  Фурт, во близина на Нирнберг. Придобивките вклучуваат прекувремени плаќања и парични бонуси за редовно присуство.

Во Холандија се бараат работници во ПВЦ и алуминумската индустријата со плата од 2.400 до 2.600 евра. Малку поблиску до Хрватска, во Љубљана, на производствените работници им се нудат 1.450 евра за четири смени и надомест за отпремнина.

Електричар во Данска би можел добро да заработи, бидејќи на оглас за работа во областа на Копенхаген, се бара работник за  плата од 3.500 до 5.500 евра. Индустриски бравар во Белгија може да заработи 16 евра на час, како и келнерка во Ирска, со платено сместување.. Платата на возач од категорија Ц во Ирска, според овој оглас, е од 3.700 до 4.400 евра.

Многумина во луѓето коментараат дека заедно со висината на платата, треба да се истакнат и трошоците за живот во тие земји, пренесува Дневник.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано