Економија

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ НА ПАЗАРОТ НА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА, бројот на склучени договори за чиста енергија во Европа е во пад

Европскиот пазар за договори за купување електрична енергија од обновливи извори на енергија се намали годинава во споредба со минатата година, за дури 60 проценти во бројот на склучени договори и за 40 проценти во обемот на тргувана енергија.

- Намалувањето на бројот на договори за купување електрична енергија (PPA) за обновливи извори на енергија е лош сигнал за конкурентноста и енергетската безбедност на Европа. Покрај тоа, ова забавување е исто така парадоксално, објавија од RE-Source. Појаснувајќи ја проценката на парадоксот на драстичниот пад на договорите за PPA, здружението оценува дека горенаведените договори претставуваат форма на заштита за компаниите што купуваат електрична енергија од пазарни шокови и ја зголемуваат својата конкурентност. Со други зборови, договорите за PPA во сегашните околности на пазарот на електричната енергија треба да растат, а не силно да паѓаат.

Анализирајќи ги можните причини за падот на нарачките за електрична енергија произведена од сончеви и ветерни електрани, RE-Source поаѓа од недоволните инвестиции на европските земји во мрежи што би овозможиле електричната енергија од ветерни фарми и сончевата енергија да стигне до потрошувачите.

- Издавањето дозволи за поврзување на електраните со мрежата е едно од главните тесни грла за проширување на обновливите извори на енергија денес. Стотици гигавати проекти за обновлива енергија чекаат да бидат поврзани со мрежата, се забележува во извештаите на здружението, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано