Општество

„Најзелените примери од Западен Балкан“, фото-излкожба на EU4GREEN во Скопје

Во Јавна соба денеска ќе биде отворена фото-изложбата EU4Green „Најзелените примери од Западен Балкан“, посветена на заштитата на животната средина и спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан.

На изложбата ќе бидат претставени автентични фотографии создадени од аматерски фотографи од целиот регион, кои доловуваат инспиративни приказни за луѓе, иницијативи и предизвици што придонесуваат за позелена и поодржлива иднина.

Настанот се одржува во рамките на Skopje Design Week – регионален настан што го слави дизајнот, иновациите и одржливоста, и е дел од мрежата NextGen Design, европска платформа што ги поврзува дизајн фестивалите посветени на одржливи решенија.

Изложбата ќе биде отворена од австрискиот амбасадор Мартин Памер, претставник на ЕУ, на Министерството за животна средина и просторно планирање, и Бојана Алексиевска и Благој Трајков, двајца д 15-те најдобри автори од Северна Македонија. 

Фотографиите се избрани преку регионалниот фото-конкурс на Проектот EU4Green, на кој беа добиени 138 пријави од сите економии на Западен Балкан. Изложбата ги претставува 15-те најдобри фото-приказни, нудејќи визуелно патување низ регионалните примери на еколошка акција и посветеност.

По официјалното отворање, гостите ќе имаат можност да продолжат со разговор и вмрежување на коктел.

По изложбите во Подгорица, Тирана и Приштина, изложбата во Скопје ќе биде отворена до 16 ноември, по што ќе продолжи во Белград и Сараево, завршувајќи ја својата регионална турнеја.

Фото-изложбата е организирана од проектот EU4Green, финансиран од Европската Унија и Австриската агенција за развој (ADA) преку International Partnerships Austria, и спроведуван од Агенцијата за животна средина на Австрија (Umweltbundesamt). 


 

Фото плакат 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано